Хелтх.Мед Ви овозможуваат 24 часовен контакт, подршка и консултации на нашиот телефонски број, превземање на крв од папочна врвца од било која болница во државата и нејзино транспортирање во најбрз можен рок до банката во Солун.




ЕДИНСТВЕНО ВО МАКЕДОНИЈА МАТИЧНИ КЛЕТКИ ОД ПАРЧЕ ОД ПАПОЧНАТА ВРВКА (ВАРТОНОВА СЛУЗ)


Само со дополнителни 250 евра му подарувате на вашето Дете двојно поголем број клетки за ладно одржување за 20 години, заедно со матичните клетки од крвта на папочната врвка како и драгоцените клетки од Вартоновата слуз.
повеќе


МАТИЧНИ КЛЕТКИ ОД ПЕРИФЕРНА ЦИРКУЛАЦИЈА
Периферната крв на секој возрасен човек содржи матични хематопоетски клетки. Денес со хематопоетски матични клетки се лекуваат повеЌе од 70 болести и околу 15 болести со матични клетки од нехематопоетско потекло.
повеќе

EX-VIVO CELL EXPANSION


Cellgenea
во ексклузивна соработка со Regenetech користи патентирана технологија од истражувачките лаборатории на NASA за експанзија и автологна терапија за користење на прогениторните клетки.

 
 


Лабораториите на “Cellgenea” се опремени со опрема од висока технологија, која гарантира успешна обработка и чување на примероците од стручната екипа. Обработката на клетките се изведува во безбедни, затворени и стерилни простории.




Ул. Митрополиј Теодосиј Гологанов 54/6
1000, Скопје,
Р. Македонија
Тел/факс: +389 2 3179883
Е-mail: helthmed@mt.net.mk


 



МАТИЧНИ КЛЕТКИ ОД ПЕРИФЕРНА ЦИРКУЛАЦИЈА

Периферната крв на секој возрасен човек содржи матични хематопоетски клетки. Денес со хематопоетски матични клетки се лекуваат повеЌе од 70 болести и околу 15 болести со матични клетки од нехематопоетско потекло.

CELLGENEA е прва европска компанија за собирање и чување на матични хематопоетски клетки од периферната циркулација на возрасни.
Матичните хематопоетски клетки се добиваат со земање крв  од која потоа се изолираат и чуваат за сопствена потреба или за потреба на Вашето семејство.

Висок квалитет и безбедност

Сервисот Ангиогенеа на CELLGENEA дава услуги од највисок квалитет во сите фази на обработка на примерокот од периферна крв, од моментот на земање крв до процесот на замрзнување-криопрезервирање. Секој примерок, поминува низ комплетна серолошка и микробиолошка анализа. Истовремено, изолираните матични хематопоетски клетки се анализираат и во однос на нивната количина и вијабилност пред да бидат криопрезервирани, со цел CELLGENEA да гарантира долготрајно чување на апсолутно вијабилен примерок кој Ќе содржи задоволителен број на клетки.

Компанијата CELLGENEA е усогласена со важечкиот правилник број 1394/2007 на Европскиот Парламент како и на Советот  за медикаменти за Напредни Лекувања, а истовремено располага и со сертификати за обезбедување на квалитет на Европската Унија (Lloyd`s Register ISO 9001:2000, TUV CertISO9001, ISO 14644)
Со технологијата која потекнува од НАСА и нејзината соработка со Regenetech, CELLGENEA гарантира примена на најсовремени и најефикасни методи за обработка на матичните клетки и нивно размножување за користење во иднина.

Сите членови на семејството имаат можност  да сочуваат мала количина крв од нивната периферна циркулација.

Моментот на породувањето и земањето крв од папочната врвца претставува најдобра, но веЌе НЕ И ЕДИНСТВЕНА МОЖНОСТ  за зачувување на драгоцени хематопоетски клетки од нашата крв!!!

 Количината на крв која Ќе биде користена за постапката на обработка и изолирање на матични клетки е иста како и при контрола на холестерол во крвта, триглицериди, шеЌер во крвта итн. Неопходната количина крв изнесува само 30 - 40 мл, која е еднаква на 20% од количината на крв која се зема при постапка на крводарителство.


Болести кои се лекуваат со употреба на матични клетки:


Акутни леукемии
Акутна лимфобластна леукемија
Акутна миелобластна леукемија
Акутна бифенотипска леукемија
Акутна недиференцирана леукемија
Хронични Леукемии
Хронична Миелоцитна леукемија
Хронична Лимфоцитна леукемија
Јувенилна Хронична Миелоцитна леукемија
Јувенилна Хронична Миеломоноцитна леукемија
Миелодиспластични синдроми
Рефрактерна анемија
Рефрактерна анемија со ринг сидеропласти
Рефрактерна анемија со екцес на бласти
Рефрактерна анемија со екцес на бласти во трансформација
Хронична Миеломоноцитна леукемија
Други миелодиспластични болести
Болести на матичната клетка
Стекната апластична анемија
Вродена анемија Фанкони
Пароксизмална НоЌна Хемоглобинурија
Чиста еритроцитно клеточна аплазија
Пролиферативни заболувања
Акутна миелофиброза
Идиопатска миелофиброза
Полицитемија рубра вера
Есенцијална тромбоцитемија
Други миелопролиферативни заболувања
Лимфопролиферативни заболувања
Non-Hodgkin's лимфома
Hodgkin’s лимфома
Пролимфоцитна леукемија
Нарушување на фагоцитите
Синдром Chediak- Higashi
Хронична грануломатозна болест
Дефицит на неутрофили
Ретикуларна дисгенезија
Болести од депонирање на масните клетки
Мукополисахаридози (MPS)
Синдром Hurler’s (MPS-IH)
Синдром Scheie (MPS-IS)
Синдром Hunter's (MPS-II)
Синдром Sanfilippo (MPS-III)
Синдром Morguio (MPS-IV)
Синдром Maroteaux-Lamy (MPS-IV)
Синдром Sly, Недостаток на бета-гликоронидаза(MPS-VII)
Адренолеукодистрофија
Муколипидоза II
Болест Krabbe
Болест Gaucher's
Болест Niemann- Pick
Болест Wolman
Метахроматична леукодистрофија
Ткивноклеточни нарушувања
Вродена еритроцитна фагоцитоза
Хистиоцитоза
Хемофагоцитоза
Наследни аномалии на еритроцитите
Таласемии
Сфероцитоза
Аплазија на еритроцити
Други еритроцитни абнормалности
Конгенитално пореметување на имуниот систем
Атаксија-Телеангиектазија
Синдром Kostmann
Недостаток на адхезија на леукоцитите
Синдром DiGeorge
Синдром Omenn's
Стекнат комбиниран имунодефицит
SCID со недостаток на аденозин деаминази
Недостаток на Т- клетки и Б-клетки
Комбиниран имунодефицит
Синдром Wiskott-Aldrich
X-врзано лимфопролиферативен синдром
Џ-Агамаглобунемија
Џ-врзана имунодефициенција
Хронична грануломатозна болест
Други вродени нарушувања
Синдром Lesch- Nyhan
Хипоплазија на 'рскавица
Болест Glanzmann
Остеопетроза
Тромбоастенија         
Вродени аномалии на тромбоцитите
А-мега кариоцитоза
Други тромбоцитни абнормалности
Болести на плазма клетки
Мултипен миелом
Леукемија на плазма клетки
Макроглобулинемија Waldenstrom's        
Амилоидоза
Други малигнитети
Ењинг сарком
Неуробластом
Ренален клеточен карцином
Ретинобластом

Денес, матичните клетки се дел од терапевтските третмани во низа клинички студии и иднината и оптимизмот на научната заедница е голема. Се смета дека матичните клетки Ќе бидат моЌното оружје во лекувањето на Алцхајмерова болест, кардиоваскуларни заболувања, дијабетес, мускулна дистрофија, Паркинсонова болест, мозочни удари, Мултиплекс склероза,  малигни тумори и други.

Човечката периферна крв е крвта која циркулира низ крвните садови на  целото  тело, т.е. артериите и вените. Се состои од црвени  и  бели  крвни  зрнца,  хемоглобин и плазма. Белите крвни зрнца се тие што содржат милиони матични клетки во периферната крв, кои исто така се познати и како “Млади мононуклеарни бели крвни зрнца”.
Прогениторни матични клетки
Клетките кои се изолираат од било кое човечко ткиво по раЃањето може да се окарактеризираат како прогениторни матични клетки. Овие клетки ги задржуваат сите единствени својства на матични клетки, односно  размножување и нивната способност за  диференцирање во други клетки. “Мононуклеарни бели крвни зрнца” се тие од кои, во продолжение, Ќе произлезат (било кога да му е потребно на организмот) сите елементи на вкупната крв и на имунолошкиот систем.

ПОСТАПКА
1. Заинтересираните лица доаЃаат во контакт со Хелтх.мед за да се информираат за целата процедура.
2. Потпишување на договори.
3. Издавање на кит за земање крв.
4. Со едноставна и безболен метод се зема 30-40 мл периферна крв од површинската вена на вашиот горен екстремитет.
5. Транспорт на крвта до лабораториите на CELLGENEA.
6. Обработка на крвта, серолошка и микробиолошка контрола и одредување на бројот на изолираните матични клетки.
7. ИспраЌање на сертификат за чување на примерокот со код (ID number).

Вкупната цена за собирање, транспорт, обработка и чување на матичните
клетки за дваесет години изнесува 1350 евра со вклучен ДДВ.














2008 © HelthMed