ЛАДНО ОДРЖУВАЊЕ НА МЕЗЕНХИМАЛНИ МАТИЧНИ КЛЕТКИ ОД ПЕРИФЕРНО ВАСКУЛАРНОТО ТКИВО НА ПАПОЧНАТА ВРВКА (ВАРТОНОВА СЛУЗ)
Само со дополнителни 250 евра му подарувате на вашето Дете двојно поголем број клетки за ладно одржување за 20 години, заедно со матичните клетки од крвта на папочната врвка како и драгоцените клетки од Вартоновата слуз.
Вартоновата слуз, претставува желатинска супстанца која ги опкружува садовите на папочната врвка и содржи голем број мезенхимални клетки со сите единствени својства на матични клетки. Овие клетки се неопходни за правилен развој на ембрионот, а доволен број од нив, и по породувањето, остануваат внатре во папочната врвка. Доколку се сочуваат 6-7 сантиметри од папочната врвка и без никаква интервенција при постапката на породувањето, ви се дава можност да го заштитите вашето Дете од многу болести. Клетките кои се изолираат од Вартоновата слуз можат да бидат искористени за поддршка при лекување на Паркинсонова болест, мозочни удари, малигни заболувања, болести на хепарот, како и повреди на ‘рбетниот мозок.
Во една едноставна и безопасна процедура, која не влијае на самиот чин на раѓање и трае само неколку секунди, после земањето на крвта од папочната врвца, се сече дел од самата папочна врвца (6-7 см) и се става во специјален сет, кој претходно го добиваат родителите на новороденчето при самото склучување на договорот за чување на матични клетки, и се транспортира до банката за чување на матичните клетки. По преработката на папочната врвца се изолираат матичните клетки и се чуваат на температура од -196°С, 20 години и се секогаш на располагање на детето и неговото потесно семејство, на нивно барање.
 |
Сето ова се овозможува со поседување знаење и исклучиво со користење на патенти на лабораториите за истражување на НАСА за размножување на клетките. |
Вартоновата слуз претставува супстанца во форма на желатин која ги опкружува трите садови на папочната врвца (двете папочни артерии и папочната вена). Своето име го доби од Англискиот физичар-анатомичар Томас Вартон (1614-1673). Слузот е богат со слузни полисахариди и претставува значаен извор на мезенхимални матични клетки, а неговите најзначајни функции се следниве:
- Заштита на крвните садови на папочната врвка од механички повреди во текот на бременоста но и во текот на породувањето ( се избегнува притискање, давење).
- има термоизолационо дејство со што го заштитува ембрионот од големите температурни разлики и обезбедувајќи негов непречен развој.
- во моментот на породувањето штом папочната врвка дојде во контакт со надворешниот свет и настане промена на температурата, Вартоновата слуз во првите 5 минути создава хемостаза преку притискање на крвните садови кои ги опкружува, правејќи на таков начин заштита од значително губење крв.
- пренесува хранливи супстанции за нормален развој на ембрионот.
Папочната врвка има вкупна должина од 60 сантиметри, но зачувување на Вартоновата слуз во должина од 6-7 сантиметри папочна врвка, е доволно бидејќи содржи голем број матични клетки.
Во текот на бременоста голем број на мезенихимални клетки се движат од мајката кон ембрионот со цел постигнување негов правилен развој. По завршувањето на породувањето значителен број на клетки остануваат во слузта а истите може да бидат изолирани со соодветна техника во лабораториите.
Оригиналните мезенхимални клетки од Вартоновата слуз ги задржуваат сите својства на матичните клетки и истите може да бидат размножени, култивирани и да се диференцираат во клетки на нервниот систем и на тој начин во иднина да станат драгоцени за поддршка при лекување на болести од централниот нервен систем ( повреди на ‘рбетен мозок, мозочни удари , Паркинсонова болест, Алцхајмер).
Паралелно, последните истражувања докажуваат дека овие мезенхимални клетки можат да бидат диференцирани и во клетки на срцевиот мускул (инфаркт, срцева инсуфициенција), ендотелни клетки кои го формираат ѕидот на крвните садови (анеуризма), клетки за изградба на ткивата (при скршеници, остеопороза), хондроцити (повреди и дегенерација на рскавица) и клетки на хепарот (при цироза, инсуфициенција на хепарот).
ПОПУСТ - ЦЕНА НА ПАКЕТ НА КРВ ОД ПАПОЧНА ВРВКА И ВАРТОНОВА СЛУЗ - 1700 EUR |